Комисијата за европски прашања на Националното Собрание вчера ќе ја заврши анкетата спроведена преку интернет за тоа дали Французите сакаат да му се стави крај на летното и зимското сметање на времето и на кое сметање треба да се остане.
„Потребно ли е да ставиме крај на промената на времето (летно или зимско)“, гласи прашањето на анкетата, која e затворена синоќа.
Според резултатите од советувањето, 84 отсто од испитаниците гласаа да се стави крај на промената на времето.Мнозинството од испитаниците сметаат дека треба да се остани на зимското сметање на времето.
Слични се и резултатите од испитувањата на јавното мислење во другите земји членки на ЕУ. На европско ниво, 84 проценти се изјаснија да не се менува времето во летно или зимско, односно да има само едно сметање на времето како пред 1976 година, 56 отсто сакаат да остане летното сметање, додека 36 проценти на зимското сметање на времето.
Промената на времето, воведена во 1976 година, отсекогаш беше критикувана. Во септември 2018 година, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, по консултација со неколку милиони европски граѓани, предложи во Европската унија да се прекине со промената на времето во зимско и летно сметање.
Последната промена на времето требаше да биде на 1 април 2019 година. Но, европските министри за транспорт, кои се состанаа на 3 декември 2018 година, ја разгледуваа можноста, датум за напуштање на овој систем, да биде одреден дури во 2021 година. На крајот од координативното дејство, секоја земја-членка ќе мора да избере дали да остане на летното или зимското сметање на времето.