Коалицијата предводена од САД уште еднаш изврши воздушни напади врз Ал-Багуз во провинцијата Деир ез-Зор во Сирија, користејќи муниција со бел фосфор, што е забрането според меѓународните конвенции, објави сириската новинска агенција САНА.
Според САНА, пријавени се цивилни жртви во нападите.
Веста е објавена откако сириските демократски сили (СДФ), поддржани од САД, објавија дека продолжиле со операциите против милитантите на Идламска држава во Багуз, по прекинот за евакуација на граѓаните.
Според сирискиот државен радиодифузер „Икбарја“, цитирајќи локални извори, гранатирањето со фосфор се случило во неделата вечерта, при што загинале неколку локални жители, вклучувајќи жени и деца. Многу цивили биле повредени.
Според извештаите во локалните медиуми, коалицијата предводена од САД користела гранати со бел фосфор во последниот бомбашки напад врз југозападниот сириски град Багуз, кој останува последното упориште на терористичката ИД во земјата.
САД, во меѓувреме, континуирано негирааа дека користеле бел фосфор во своите воздушни напади. Како одговор на претходните обвинувања, Пентагон тврди дека муницијата што ја користеле САД во Сирија ги исполнува сите меѓународни норми.
Во 2018 година, сириското МНР континуирано испраќаше писма до Советот за безбедност на ОН во кои ја осудуваше употребата на забранетата муниција со бел фосфор и на касетни бомби од страна на коалицијата.
Во последните неколку месеци, СДФ, предводени од Курдите, спроведува операции против милитантите на ИД во Сирија со поддршка од коалицијата предводена од САД. Операциите на коалицијата во Сирија не се одобрени од страна на сириската влада или Советот за безбедност на ОН.