Жозе Мурињо оваа сезона доби отказ од Манчестер Јунајтед, па сега е без ангажман и своето слободно време го користи за гостувања во разни емисии.
Мурињо работи како стручен коментатор и неретко ги коментира натпреварите од Премиер лигата и Примера. Португалецот сега проговори и за неговиот период во Челси, пред да добие отказ по втор пат од лондонскиот клуб.
Новинарите го прашаа дали е точно дека бил во лоши односи со првата ѕвезда на тимот, Еден Азар, пред да го добие отказот во 2015-та година.
„Не, не. Додека работеше со мене беше изгласан за најдобар играч во Премиер лигата. Доби награда за најдобар играч, нема шанси да сум имал проблем со него“, порача Жозе Мурињо.