Актерот Џани Русо, познат по улогата на Карл Ричи во познатиот филм „Кум“, тврди дека имал афера со Мерлин Монро кога имал само 16 години и знае како таа навистина починала.
Тој во мемоарите пишува за многу интересни случки од неговиот живот, а исто така не пропушти и да се осврне на познатата холивудска убавица Мерлин Монро. Русо тврди дека таа не починала од предозирање, како што потврдила обдукцијата, туку дека ја убил Роберт Кенеди, брат на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.
Русо тврди дека тој на свои 16 години имал сексуална афера со Мерлин Монро која што тогаш имала 33 години. Само три дена пред нејзината смрт, Русо се фотографирал со Монро, а зад камерата бил познатиот мафијашки бос Сем Гјанчана.
„Човек познат како „Доктор“ беше убиецот. Тој ѝ вбризгал воздух во вената. Монро почина од емболија, но на обдукцијата тоа изгледало како предозирање со дрога“, тврди Русо.