На аеродром во Манила запленети 1.500 живи желки вредни 80.000 долари

Филипинската полиција на аеродромот во Манила заплени повеќе од 1.500 живи желки завиткани во леплива лента, објави Би-би-си.

Се верува дека желките, кои биле пронајдени во четири куфери, може да се продадат за повеќе од четири милиони пезоси (над 80 илјади долари).

Полицијата соопшти дека вреќите со желки биле оставени на аеродромот откако шверцерите дознале колкави се казните за нелегална трговија со диви животни. Ако бидат уапсени, шверцерите ќе добијат затворска казна од две години и парична глоба до 200 000 пезоси (околу 4 илјади долари).

Вкупно биле пронајдени 1 529 желки од различни видови. Меѓу нив е и Sulcata Tortoises, која е на листата на загрозени видови. Желките биле пронајдени на аеродромот, во четири куфери што никој не ги подигнал.

Од царината појаснуваат дека желките биле оставени од патник кој пристигнал од Хонг Конг.

Треба да знаете
Последни објави