По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Скопје Сити Мол во соработка со Ансамбл Македонија, ја организираат првата јавна поставка на староградски модни изгледи на жената во Македонија насловена како “Македонската Мода од минатото“.
Изложбата “Македонската Мода од минатото” е изложба во која се претставени експонатите од Ансамбл Македонијакои покриваат староградски модни изгледи во период од 19ти и 20ти век на жената во Македонија. На изложбата се претставени 18 експонати кои ја отсликуваат Македонската жена низ фолклорот.
Изложбата ќе може да се погледне од 25-ти февруари до 09-ти март во атриумот на приземјето на трговскиот центар, кој ќе биде адаптиран како музејска галерија со високи стандарди. Ова е втор настан од ваков тип организиран во нашата држава, после ланската музејската поставка во Скопје Сити Мол каде експонатите ќе бидат изложени во јавен објект, a со тоа Ансамбл Македонија ќе се им доближи на граѓаните на модерен и неконвекционален начин. Како круна на оваа поставка на 8ми март Ве очекува и специјален моден настан под името “Моден времеплов на жената во Македонија од 19ти до 21 век. Модниот настан е од отворен карактер и стартот е закажен за 19:30 часот.
Повелете и бидете дел од овој нескојдневен моден времеплов!