Димитров доби медал за 25 години од дипломатските односи со Чешка

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше средба со чешкиот вонреден и ополномоштен амбасадор Мирослав Томан кој му врачи медал од чешкото Министерство за надворешни работи по повод  25 годишниот јубилеј од воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави.

Од Министерството за надворешни работи информираа дека на средбата се потврдени пријателските односи меѓу двете држави и разговарано е за интензивирање на билатералната соработка особено на економската размена. На средбата е разговарано и за процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија и поддршката што ја добива од Чешка.

Треба да знаете
Последни објави