Умерен земјотрес регистриран во близина на Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистиран во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епиценатарот на земјотресот бил на 43 километри источно од градот Маданг на длабочина од 10 километри.

Се уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Исто така, не е издадено предупредување за појава на цунами.

Треба да знаете
Последни објави