Почина Кит Флинт, фронтменот на „Продиџи“

Кит Флинт, легендарниот фронтмен на бендот „Продиџи“ почина на 49 години во неговиот дом, пишуваат странските медиуми.

 

Полицијата стигнала во домот на музичарот во Есекс во 8 часот утрово, откако било пријавено дека „постои загриженост за неговата добросостојба“.

Флинт бил најден мртов во куќата и полицијата соопшти дека не го водат смртниот случај како сомнителен.

Флинт стана едно од лицата на музичкиот правец бритпоп во 90-тите кога со неговите енергични настапи и впечатливи фризури ја освои публиката ширум светот.

Семејството уште ја нема потврдено веста.

Треба да знаете
Последни објави