Четири американски државјани и еден Кениец загинаа при пад на хеликоптер во северна Кенија, објави полицијата денеска.
Хеликоптерот се урна вчера вечерта на островот Централ, вулкански остров на Турканското Езеро, соопшти кенијската полиција.
„Достапните информации покажуваат дека два хеликоптери претходно слетале во кампот Лаболо на тој остров во националниот парк, но само еден успеал безбедно да ја напушти областа”, се вели во соопштението на полицијата.
Остатоците од хеликоптерот, поновиот американско-канадски Bell 505 Jet Ranger, беа пронајдени рано утрово.
Причината за несреќата сé уште не е позната.