Косовскиот претседател, Хашим Тачи, го напушти интервјуто на телевизијата „Ора њуз“, откако новинарката го прашала да коментира истражување чии резултати покажаат дека граѓаните чувствуваат оти Рамуш Харадинај работи во интерес на Косово повеќе од него.
На прашањето: „За кого повеќе верувате дека работи во интерес на Косово, Рамуш Харадинај или Хашим Тачи?“, 82 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е Харадинај, а 18 проценти заслуги му препишaле на Тачи.
Анкетата била објавена на социјалните мрежи во Косово.
Во моментот кога новинарката Бети Њума го прашала Тачи зошто јавноста има таква перцепција, тој го напуштил интервјуто, објави приштинскиот „Бота Сот“.
Исто така се забележува дека ова интервју РТВ „Ора“ со Тачи го договорила неколку дена претходно.