Тачи си заминал од телевизиско интервју испровоциран од прашање

Претседателот на Косово, Хашим Тачи во програма на Ора њуз, напушти интервју откако новинарка го праша за коментар на анкета во која граѓани сметаат дека Рамуш Харадинај работи повеќе од него за интересот на Косово.

На прашањето „За кого верувате дека повеќе работи во интерес на Косово, Харадинај или Тачи”, 82 отсто граѓани рекле дека тоа е Харадинај, додека само 18 отсто се одлучиле за Тачи. Анкетата беше објавена на социјални мрежи.

Откако новинарката го прашала Тачи зошто перцепцијата на граѓаните е таква, тој го напушти интервјуто, објавија косовските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави