Словенечкиот претседател Пахор во посета на Албанија

На покана на албанскиот претседател Илир Мета, попладнево во Тирана ќе допатува претседателот на Република Словенија,Борут Пахор.

Со сите државнички почести ќе биде пречекан од својот домаќин,со кого ќе имаат срдба,по што предвидена е средба на делегаците на двете земји и прес-конференција.

Доцна попладне Пахор ќе се сретне и со албанскиот премиер Еди Рама а потоа и со лидерот на опозициската демократска партија, Љуљзим Баша.

Во текот на утрешниот ден планирани се средби со градоначалникот на Тирана Ерјон Велиај и со спикерот на парламентот Грамоз Ручи.

Престојот во Албанија ќе го заокружи со посетата на градот Круја и тамошната позната тврдина, која била седиште на Скендербег во времето на војните против Османлиите, и било единственото место на Балканот кое не било освоено од страна на Османлиите. Истото паднало под османлиска власт по смртта на Скендербег. Денеска, објектот е едно од најголемите туристички атракции во Албанија.

Треба да знаете
Последни објави