Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 2 односно за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Бензините поскапуваат за 2 денари, и со тоа новата цена од ноќеска на полноќ на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 64,5 денари за литар додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66,5 денари за литар.
Дизелот ќе поскапе еден денар на 61 денар за литар.
И екстра лесното масло за домаќинство поскапува 1 денар на 49,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 денари за килограм и со тоа новата цена ќе изнесува 32,847 денари за килограм