Дванаесет национални партии што се членки на Европската народна партија официјално побараа исклчување на премиерот на Унгарија Виктор Орбан и неговата партија Фидес.
– Дванаесет партии од ЕПП од девет држави побараа исклучување или отстранување на Фидес, изјави лидерот на партијата Жозеф Доул.
Тој нагласи дека прашањето ќе биде разгледано на средба на 20 март. ЕНП е најголемата партија во Европскиот парламент и во неа се сите десничарски партии во Еврпа меѓу кои и ЦДУ на Ангела Меркел.
Унгарскиот премиер вчера рече дека тие кои бараат исфрлање на партијата Фидес од ЕПП во Европскиот парламент се „корисни идиоти” и дека служат на интересите на неистомисленици од редовите на левиот центар.