Ранчот на кралот на поп музиката Мајкл Џексон „Неверленд“ се продава по трети пат за речиси три пати пониска цена од почетната.
Веста за продажбата се појави непосредно пред прикажувањето на документарниот филм на Даб Рид „Напуштајќи го Неверленд“, кој го следи животот на двајца мажи кои, додека биле деца, биле злоставувани од Мајкл Џексон.
Вредноста на ранчот во 2015 година кога првпат беше ставен на продажба беше проценета на 100 милиони долари, за една година подоцна неговата цена да падне на 67 милиони долари.
Денес ранчот се продава за 31 милион долари.