За малeчката Кори Рубен пишуваат медиумите во светот, а ова девојче дојде во центарот на интересот поради необичното пореметување со кое се родила. Таа страда од лимфедем- неправилно функционирање на лимфниот систем, кое доведува до неверојатна отекување и насобирање на течност во нозете, стомакот, стапалата и нозете …
Ова двегодишно девојче поради таа причин, имаше исклучително потечени, речиси гигантски раце, а и покрај бројните третмани и масажи, рацете не престануваа да растат. Но еден германски експерт им открил на очајните родители дека 80 отсто од отокот е всушност маснотија, а само 20 проценти се лимфна течност.
Во договор со Кејси и Брет, родителите на симпатична Кори, лекарите се договориле да и направат а липосукција, а оваа постапка и овозможила на девојчето конечно да може да ги држи работите во свои раце и да носи нормална облека. Лекарите исто така веруваат дека ќе може да води нормален живот.
-Нејзините раце се најголемото нешто што луѓето го гледаат. Но она што не го знаат е дека има отоци по целото тело. Во стомакот, во двете нозе, на гениталиите, а како расте отоците се се полоши и полоши, објаснува Брет Рубен.
Тој додава дека неговата сопруга имала нормална бременост и дека лекарите по породувањето кажале дека отоците со текот на времето ќе се повлечат.
-Не е нејзина вина дека е родена со оваа состојба, а јас ќе направам се што можам за да и помогнам да живее квалитетно и среќно. Нејзината способност да ги земе и да ги држи работите е многу подобра отколку порано. Нејзините раце сега се меки и може да ги провлече низ ракавите на фустаните кои сака да ги носи, изјави мајката.
Лимфедемот е тешка хронична и прогресивна болест која главно се јавува како оток на екстремитетите. Тоа е болест на лимфната циркулација, а во ризичната група се сите оние кои поради некоја причина им се отстранети лимфните јазли или е оштетен лимфниот систем.
Постојат и други симптоми кои можат да укажат на оваа болест, меѓу другото чувство на тежина, потешкотии во движењето, тврда и затегната кожа …