Снуп Дог е рап-икона на Лос Анџелес и жесток фан на тимот на Лејкерс, до тој степен што дури има свој блок влезници во домашната арена Стејплс Центар. Но, бидејќи Лејкерс играат очајно лошо во последно време, тој реши привремено да се откаже од тимот.
Како што поминува времето, плејофот изгледа сѐ понедостижен за Лос Анџелес Лејкерс, кој изгуби четири од последните пет натпревари.
Како многу често во неговите песни, Снуп Дог се реши да употреби јазик кој не би требало да го слушаат деца, за да ја искаже неговата фрустрација од омилениот кошаркарски клуб. Во видеото, тој порачува дека тренерот Лук Волтон треба да биде отпуштен, а раководството треба да му донесе помош на Леброн Џејмс.
Последниот пораз дојде од страна на најлошиот тим во лигата, Феникс Санс, а тоа го испровоцира Снуп Дог да ги продаде неговите сезонски билети на првиот кој ќе му понуди само 5 американски долари.