Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе остари средба со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска и со членовите на Комисијата.
Средбата, како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, е дел од институционалните посети на вицепремиерот Османи, кои имаат за цел следење на имплементацијата на реформите од Планот 18, предизвиците поврзани со истата, како и соодветниот „трак рекорд” на активности од спроведување на реформитe.