„Еден месец на село“ на Иван Сергеевич-Тургењев, а во режија на Паоло Маџели е претставата која публиката ќе може да ја види вечерва (5 март), во 20 часот во МНТ.
Како што и самиот автор ја поднасловува – “комедија“ во пет чина, драмата раскажува типична “селска приказна“, во која Наталија, сопруга на богат човек, и младата Верочка се вљубуваат во истото момче, студент, учител на синот на Наталија. Така скроената ситуација Тургењев “ја полни“ со разни љубови, односно љубовни обиди. За некои ликови таа љубов е извор на надеж за подобра иднина, за некого е занес во кој привремено се губи себеси, некој пак љуби од навика, некој се согласува со целата илузија, а некој благодарение на љубовта повторно се чувствува жив.
Во претставата улогите ги толкуваат: Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Катерина Коцевска, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Нино Леви, Сашко Коцев, Ана Стојановска, Стефан Спасов, Дамјан Цветановски.