Скопјанец бил тешко повреден додека работел во кругот на Скопски саем во Скопје. Според полицијата, вчера околу 10.30 часот во СВР Скопје, од болницата „Систина“, било пријавено дека кај нив бил донесен повреден П.Р.(60) од селото Волково. Според пријавата, тој се здобил со повреда додека работел во кругот на Скопски саем. По укажаната лекарска помош тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Полицијата извршила увид, а за настанот бил известен трудов инспектор.