Фатен осуденик кој се барал со потерница

Осуденик кој се барал издржување на затворска казна бил уапсен вчера на ГП Богоридица. Според полицијата, станува збор за Е.Х.(30) од селото Ларце.

Вчера во 19.15 часот на ГП „Богородица“, при проверка на патните исправи на Е.Х., било констатирано дека тој се барал со наредба од Основен Суд-Тетово, а за спроведување до Казнено-поправната установа Тетово за издржување казна затвор.

Осуденикот бил приведен и предаден во ПС Гевгелија за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави