Двајца тинејџери тешко повредени по пад од мопед

Двајца малолетници биле повредени кога со мопедот на кој се возеле излетале од патот, завчера во близина на Кавадарци.

Според полицијата сообраќајната несреќа се случила во 18.30 часот на патот Кавадарци- село Брушани. Д.С.(17) од Кавадарци управувајќи мопед марка „гланз 50“ со кавадаречки регистарски ознаки излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, додека со телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот В.П.(17) од Кавадарци.

Повредените биле однесени во Општата болница во Кавадарци.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави