Пакистанската морнарица тврди дека го спречила обидот на една индиска подморница да влезе во пакистанските територијални води. Подморницата била откриена и принудена да се повлече, пренесува РТ.
„Пакистанската морнарица ги користеше своите специјализирани вештини за да се одбрани одподморницата, успешно спречувајќи ја да влезе во пакистанските води”, се вели во изјавата на портпаролот на Пакистанската морнарица.
Според изјавата, фактот дека индиска подморница опремена со напредна технологија била откриена од Пакистанската морнарица е загуба за индиската морнарица.
„Индиската подморница не беше таргетирана за да се испочитува пакистанската политика на мир”, додаде портпаролот и посочи дека Индија мора да научи од овој инцидент.
Пакистанската морнарица, исто така, тврди дека успешно избркала индиска подморница од своите територијални води и во 2016 година. Индиската подморница била откриена и локализирана јужно од пакистанското крајбрежје на 16 ноември 2016 година.
Индија допрва треба да го коментира најновото тврдење кое доаѓа само еден ден откако Њу Делхи, наводно, соборил пакистанско беспилотно летало во индискиот воздушен простор.