Последна порака за Дилан од Бренда: „Ќе ми недостигаш секоја секунда“

Шенон Доерти, телевизиската девојка на Лук Пери е во шок поради неговата смрт. Лук Пери почина вчера на 53-годишна возраст како последица од мозочен удар, а Доерти, само неколку часа пред неговата смрт, рече дека била убедена дека ќе победи во битката. Сепак, тој не успеа, а Шенон даде изјава за „Пипл“ со која ги трогна сите обожаватели на Бренда и Дилан.

„Јас сум во шок. Со скршено срце. Уништена сум од губењето на пријател. Имам толку многу спомени со Лук кои ме тераат да се смеам и кои се засекогаш втиснати во моето срце и ум. Лук беше паметен, тивок, скромен и сложен човек со златно срце и бескрајна добрина и љубов. Лук беше со мене во текот на мојата борба со ракот и нашата врска остана недопрена, и покрај тоа што бевме постари и помудри”, започна актерката.

Постои посебен вид на љубов што ја имаме еден за друг, од снимањето на серијата низ животот воопшто. Лук и јас работевме на идеи за шоу. Сакавме повторно да работиме заедно и да создадеме нешто посебно и значајно за нашите фанови во оваа фаза од нашите животи”, рече Шенон скршена од болка.

„Ќе ми недостигаш секој ден, секоја минута, секоја секунда”, заклучи таа.

Треба да знаете
Последни објави