Од 5 до 28 март ретроградниот Меркур ќе предизвика бројни промени.
Овие промени ќе бидат и добри и лоши, а овие хороскопски знаци најмногу ќе го почувствуваат влијанието на ретроградниот Меркур.
Близнаци
Вашата владејачка планета е Меркур и влијанието ќе биде најизразено во полето на комуникацијата. Иако отсекогаш сте имале неверојатни вештини, овојпат Меркур ќе ги намали вашите способности. Додека зборувате можно е да заборавате информации и ќе се чувствувате како да ви е врзан јазикот.
Рак
Иако се смета дека вие сте тивките набљудувачи, ова ретроградно движење нема да ви дозволи да молчите. Овој период може да биде навистина емотивен и темпераментен. Може да бидете иритирани од најтривијални работи, без никаква причина. Најдобро е да покажете стрпливост и да размислите пред да отворите уста.
Лав
Иако секогаш сте најгласната и најгрубата личност во друштвото, овој март може да се покаже поинаков. На друштвени настани и собири ќе бидете незаинтересирани и молчаливи.
Вага
Вие сте експерти кога станува збор за криење на чувствата. Но, во овој период вашите вистински емоции ќе излезат на површина. Најдобро е да останете смирени и сталожени за да не ги повредите најдрагите луѓе со непромислени коментари.
Водолија
Во овој период можно е да се соочите со непотребни фрустрации. Обидете се да ги видите нештата од друга перспектива. Бидете внимателни со вашите зборови и постапки и ќе видите дека нештата не се така лоши како што ви изгледаат