(Видео) Арсовски: Тевдовски и Заев денесka ќе ја задолжат Република Македонија за нови 130 милиони евра

Tевдовски и Заев денесka, на месец и половина пред избори, ќе ја задолжат Република Македонија за нови 130 милиони евра, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали власта се задолжува над 130 милиони евра со цел изборна корупција. Каде ќе завршат милионите на граѓаните на Република Македонија кои треба да ги враќаат истите со камата? Дали истите се наменети за изборен поткуп исто како сите оние вработувања коишто во моментов се реализираат? Спиралата на задолжување веќе не може да запре. СДСМ ја води државата кон инсолвентност. Само за две години колку што се на власт го зголемија јавниот долг за над половина милијарда евра со што истиот надмина 5 милијарди евра и е над 50% од БДП“, рече тој.

Задолжувањето, рече Арсовски, како инструмент за финансирање е дозволиво единствено само доколку со него се извршуваат капитални инвестиции, а во моментов знаеме дека нивото на капиталните инвестиции е многу ниско.

„СДСМ во изминативе две години не направи ниту еден инфраструктурен проект. Нивото на реализација на капитални инвестиции минатата година изнесуваше очајни 65%, од она што го предвиде владата, што е најниско ниво до сега забележано, истата пракса продолжува и оваа година, имено во јануари нивото на реализација на капитални инвестиции изнесува само 1%, што е доволен показател дека и оваа година, исто како и минатата нема да има ниту еден капитален проект“, рече Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави