Се судрија албански Mерцедес и товарно возило на патот Градско-Росоман

Се судрија возило марка „мерцедес” со албански регистарски таблички од Тирана и товарно возило од Скопје на патот Градско-Росоман. Повредени нема, причинета е само материјална штета, информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Во тек е увид на самото место. Едната лента е затворена за сообраќај, а сообраќајот регулиран од полицијата, се одбива по другата лента. Повредени нема, причинета е само материјална штета, појасни Додевски.

Засега не се соопштува повеќе детали за сообраќајкатa.

Треба да знаете
Последни објави