Бен Афлек е благодарен што неговите деца имаат извонредна мајка, според интервјуто што тој вчера го даде за „Тудеј”, неколку месеци по разводот со Џенифер Гарнер.
– Навистина се трудам да бидам добар татко. Се надевам дека сум. Но, среќен сум што децата имаат извонредна мајка, изјави глумецот.
Афлек и Гарнер се разведоа лани во ноември откако три години живееја разделени. Имаат две ќерки – Вајолет (13) и Серафина (10), и син Семјуел (седум).
Глумецот наскоро ќе може да го видиме во новиот филм на Нетфликс – „Triple Frontie