Европската комисија го поздрави денеска апелот на францускиот претседател Емануел Макрон за „европска ренесанса”, иако, како што наведе, таа веќе со години работи на многу идеи кои се спомнати од Макрон.
Портпаролката на ЕК, Маргарет Шинас прочита листа на идеи, на кои ЕК и нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер работат од 2014 година, меѓу кои се и идеите за погранична гарда и агенција за азил, како и предлозите за безбедност на храната и борбата со климатски промени.
– За европска ренесанса, Франција и ЕК водат иста битка, рече Шинас.
Таа заклучи дека за секој потег, кој бара измени на основачкиот договор, ЕУ мора да одлучи само меѓу државите членки.