Медиа тим на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ објави денеска кои се клучните проблеми на таа држава по повеќегодишно истражување на нејзиниот Кабинет, преку прашување на жителите на Хрватска.
– Претседателката Колинда Грабар Китаровиќ порача дека се детектирани седум клучни општествени предизвици: демографска криза, недостиг од дијалог, економска и општествена криза, слабост на институциите, ниско ниво на продуктивност на администрацијата, образовниот систем неприлагоден на пазарот, објави Медиа тимот на својот Твитер налог.