Миењето заби со четка во Европа постои од 18 век, но во последните 100 години се појавија доста новини во областа на оралната хигиена и општата грижа за забите.
Многумина почнаа да обрнуваат внимание на здивот и неговиот мирис, така што воопшто не е чудно што водата за плакнење на устата е најчестиот производ што се употребува и денес. Во 30-тите години на минатиот век пастите за заби во домаќинствата станале подеднакво чести како и сапунот.
Во 50-тите години се појавиле и пастите со флуор. Првата електрична четка за заби е направена во 1961 година, а набргу следат и модерните апартчиња за исправување на криви заби, конец за чистење на забите и разни производи за избелување.
Денес препораката на Американското стоматолошко здружение е миење заби двапати во денот по две минути и редовна посета на стоматолог на секои 6 месеци.