Во директен судир на два воза на главната железничка станица во Брно се повредени 21 патник, од кои 11 се пренесени во болница.
Како што пренесуваат чешките медиуми, останатите десет се здобиле со полесни повреди. Од возовите се евакуирани 250 лица, а истрагата за несреќата е во тек.