Рекордни 76.000 мигранти ја преминале јужната граница на САД во февруари

Бројот на мигранти уапсени на границата меѓу САД и Мексико се зголеми за околу 31 отсто во февруари во споредба со претходниот месец, изјави помошник комесарот во службата за Царина и за заштита на границите (ЦБП) Ендрју Михан.

Ова е четврти пат за пет месеци бројот на мигрантски семејства кои ја минуваат југозападна граница да собори рекорди, според податоците на ЦБП. Најновите податоци се најголемата месечна бројка за февруари во последните 12 години.

Во февруари во фискалната 2019 година има вкупно извршни 76.103 акции за недозволен влез што претставува зголемување од 31 отсто во однос на јануари,“ рече Механ.

Капацитетот на системот е надминат и е пред пукање”, вели Кевин К. МекАленан, комесар за царинска и гранична заштита, додавајќи дека бројките демонстрираат алармантен тренд што агенцијата очекува да ескалира во март, април и мај.

Повеќе од 90 отсто од новите пристигнувања биле од Гватемала, што претставува значајна промена во динамиката на миграцијата.

Треба да знаете
Последни објави