Професорот Томислав Цветила се збогува од учениците во Музичкото училиште во Вараждин на начин на кој тие никогаш нема да го заборават.
Креативниот професор по соло пеење на школската приредба ја изведе песната ,,Боемска рапсодија”, имитирајќи го печајот на групата Квин, Фреди Меркјури. Видеото снимено од овој настан стана хит на социјалните мрежи – кое буквално ги преплави Фејсбук и Јутјуб.
,,Плачев додека го гледав видеото, има надеж за нашите деца”, коментираат корисниците на социјалните мрежи. Учениците од Вараждин, пак, му порачуваат на професорот:,,Не заминувајте никаде, останете со нас!”.