(Видео) Пристигна новиот трејлер за „Игра на троновите“

Првиот официјална трејлер за хит-серијата „Игра на троновите” конечно пристигна. По две години чекање, „Ејч-би-о“ им даде можност на своите гледачи да погледнат во последните шест епизоди од најгледаната серија на сите времиња.

Седмата сезона заврши во 2017 година, а се чини како да поминаа 10 години. Новата и последна сезона започнува со емитувањето на 14 април.

Како што ветија продуцентите, последните шест епизоди ќе бидат подолги од стандардните едночасовни.

„Очекувајте спектакл. Тоа не се шест епизоди, туку шест филмови. Имав таков впечаток додека ги гледав – дека на екранот пред мене се филмови“, изјави Ричард Плеплер, извршен директор на „Ејч-би-о“.

Треба да знаете
Последни објави