Фудбалерот на Барселона, Луис Суарез синоќа ја прослави победата на неговиот поранешен тим, над лутиот ривал Реал Мадрид.
Ајакс синоќа оствари сензационална победа од 4:1 над Реал Мадрид и ги елиминираше „Кралевите“ од Лигата на шампионите, а победата на холандскиот тим ја прослави и напаѓачот на Барселона, Луис Суарез.
Суарез после победата им честиташе на фудбалерите на Ајакс на својот профил на социјалната мрежа Твитер.