Шампионот на НБА Голден Стејт доживеа тежок пораз
Шампионот на НБА, Голден Стејт доживеа тежок домашен пораз од Бостон со 95:128 во меч од регуларниот дел од сезоната во НБА.
Бостон влезе во натпреварот по пет порази во последните шест натпревари, но одигра многу силни први два дела, во кои поведе убедливо и до крајот затвори натпреварот со 33 поени разлика.
Гордон Хејворд нанижа 30 поени, а Кајри Ирвинг додаде 19 поени и 11 асистенции за успехот на Селтикс.
Стеф Кари се истакна со 23 поени за Голден Стејт, а Кевин Дурант додаде 18 поени за домаќините.
Лидерот во Југозападна дивизија, Хјустон пак го порази Торонто како гостин со 107:95. Џејмс Харден беше над сите со 35 поени, а Џералд Грин додаде 18, од кои 11 во последната четвртина.
За Торонто, ѕвездата на тимот, Каваи Ленард постигна 26 поени.
Индијана – Чикаго 105:96
Филаделфија – Орландо 114:106
Торонто – Хјустон 95:107
Мемфис – Портланд 120:111
Минесота – Оклахома Сити 131:120
Голден Стејт – Бостон 95:128.