Овошни насади и шума изгореа во пожар во Пехчево, во близина на месноста Спиково.
Како што информира МВР, вчера во 15 часот во СВР Штип било пријавено дека во атар на Пехчево избувнал пожар во кој биле зафатени неколку помошни објекти, овошни насади и поголема површина на нискостеблеста шума и трева.
Пожарот бил локализиран од екипи од Територијалната противпожарна единица Пехчево.