Германските власти трагаат по тројца мажи кои се осомничени дека извршиле напад врз комбе за транспорт на пари на аеродромот во Клен-Бон, при што застрелале еден од стражарите.
Портпаролот на полицијата во Келн, Карстен Руст, изјави дека сé уште не е јасно дали осомничените успеале да земат пари од комбето, кое и натаму е на аеродромот во западна Германија, објави агенцијата АП.
По нападот, осомничените побегнале со црн автомобил, кој подоцна го запалиле и оставиле на периферијата на Келн.
Руст истакнал дека тројцата осомничени сé уште се на слобода, додека застреланиот стражар бил пренесен во болница, а засега не е позната сериозноста на неговите повреди.