Неколку стотици Руси во вторникот се собраа на Црвениот плоштад во Москва за да ја одбележат 66-годишнината од смртта на поранешниот советски водач Јозеф Висарионович-Сталин, но комеморацијата ја попречија двајца активисти.
Еден од нив кон споменикот на Сталин во близина на неговиот гроб фрлил скинати цветови и извикал: „Гори во пеколот, крвнику на луѓето, убиецу на жени и деца.
Полицијата веднаш ги уапсила активистите кои биле ослободени истиот ден, објави „индекс.хр“.
Истовремено, неколку постари луѓе се собрале недалеку од гробницата на Сталин со цел да протестираат против неговото славење низ цела Русија, при што побарале од рускиот претседател, Владимир Путин, да ја прекине ваквата практика.
Тие изјавиле дека нивните родители под режимот на Сталин биле убиени или затворени во гулаг.
Инцидентот исто така беше коментиран од страна на поранешниот американски претставник во Русија, Мајкл Мекfол, кој изјави:
„Замислете Германци кои положуваат цвеќе во чест на Хитлер на годишнината од неговата смрт. Ова воскресение на Сталин е гротескна појава“.