Министерот за култура Асаф Адеми имаше работна средба со проф. д-р Мохд Шукри Аб Јаџид, претседател и основач на приватниот Универзитет за менаџмент и наука во Малезија.
Како што соопшти Министерството за култура, професорот го запознал министерот Адеми со напорите и посветеноста за воспоставување нови стандарди за квалитет во малезиските и во регионалните приватни образовни центри и нивната вклученост во образованието во 21 век.
Резултатот на тоа е што Универзитетот за менаџмент и наука се наоѓа во групата од петте најдобри универзитети, награда што ја доделува Министерството за високо образование во Малезија.
-Посветеноста на професорот Шукри за наставата и учењето резултира со негово учество на повеќе работилници и супервизорски консултации во областа на управувањето, претприемништвото и маркетингот. Тој има напишано голем број трудови и статии објавени во повеќе меѓународни и локални списанија, соопшти Министерството за култура