Шкотската полиција денеска соопшти дека пронашла сомнителни пакети на Универзитетот Глазгов и во седиштето на Кралската банка на Шкотска во Единбург.
Двата објекти се евакуирани и за сега ништо не ги поврзува двата инциденти, јавија светските агенции.
Се уште не е јасно дали пакетите се поврзани со вчерашниот инцидент во кој три мали експлозивни направи во пластични кеси за достава пристигнаа во канцелариите на два лондонски аеродроми и железничка станица.
Пакетите со експлозиви беа пронајдени на аеродромите „Хитроу” и „Лондон Сити” и на железничката станица „Ватерло” во Лондон.
– Малите импровизирани експлозивни направи се најдени во поштенски пакети А4, соопшти полицијата и додаде дека никој не е повреден.
Во наредните три часа во Лондон биле пронајдени уште два пакети.