Министерката за европски интеграции на Косово Дурата Хоџа, на денешната средба со командантот на меѓународните сили на НАТО во Косово, КФОР, Лоренцо Д‘Адарио, изјави дека евроатлантските интеграции на Косово се гаранција за безбедноста во земјата и во регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хоџа на својот профил на Фејсбук објави дека со неодамна именуваниот нов командант на КФОР разговарала за безбедноста и безбедносните предизвици во регионот, како и за „сигурноста што им ја влеваат меѓународните сили на граѓаните на Република Косово”.
– Ние сме благодарни за тоа што КФОР ѝ пружи сигурност и мир на нашата земја. Исто така, нагласив дека евроантлантскиот интегрирачки процес претставува единствена гаранција за опстоен мир и стабилност во регионот, напиша Хоџа, нагласувјаќи дека во Косово постои национален и партиски консензус за евроатлантските интеграции на земјата.