Градежен работник во Велика Британија, кој предизвикал штета од речиси еден милион фунти, уривајќи со багер пет нови куќи за пензионери, е осуден на четири години затвор, пренесуваат британските медиуми.
Даниел Нејг (31), со воодушевување се смеел додека ги рушел куќите, поради спор околу исплата на неговата работа.
31-годишниот човек признал дека на 11 август минатата година, им нанел штета на куќите во Бантингфорд. Осудувајќи го на 4 години затвор, судијата Сивен Ворнер, рекол дека неморалниот вандализам бил чиста одмазда, пишува Би-би-си.
Домовите на пензионерите, кои се проценуваат на 425 илјади и 475 илјади фунти, морале веднаш да бидат изградени, што градежните фирми ги чинело речиси еден милион фунти.
На суд Нејг рекол дека на неговата компанија и` должела друга компанија 16 илјади фунти, поради што не можел да ги исплати своите работници.