Студентите по новинарство и односи со јавност денеска од Свечениот амфитеатар на Правниот факултет „Јустинијан Први” при УКИМ ќе испратат порака за фер претседателска кампања преку критички став кон својата професија и нејзината позиција во државава.
Настанот е со цел заокружување на на проектот „Не биди медиумска мета” во имплементација на Македонскиот институт за европски студии (МИЕС), кој е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк” спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии, а финансиран од Европската Унија.