Избраниците на Солскјер се пласираа во четврт-финалето од Лигата на шампионите откако синоќа успеаа да го елиминираат париски ПСЖ.
Јунајтед славеше со 1:3 на гостувањето на „Паркот на принцовите“, два пати погоди Ромелу Лукаку, а последниот и одлучувачки гол за Јунајтед го постигна Маркус Рашфорд од белата точка.
„Со Рашфод знаевме дека можеме да ја завршиме работата откако игравме заедно претходно против Фулам. Ми беше задоволство да играм заедно со него и на овој натпревар“, изјави Ромелу Лукаку и додаде:
„Се договоривме да играме пресинг, а кога тој ќе шутира, јас да тргнувам по одбиена топка. Игравме до самиот крај, тоа е нормално за нас“, изјави Ромелу Лукаку