Полицијата рано утрово го пронашла 11-годишното дете кое исчезнало во понеделникот во Битола. Единасет годишникот бил пријавен за исчезнат во понеделникот во 14.30 часот.
Семејството пријавило дека детето претходно неколку пати се оддалечувало од својот дом и се враќало.
Полицијата утрово во 1.20 часот го пронашла детето и го вратила на семејството.