Џек Пери, синот на Лук Пери и професионален борач, објави на „Инстаграм“ трогателен статус со кој се прости од својот татко, кој почина од мозочен удар пред неколку дена, на возраст од 52 години.
„За многумина беше многу нешта, но за мене секогаш беше татко, ме сакаше и ме поддржуваше во сè и ме инспирираше да бидам најдобар што можам да бидам. Научив многу од тебе и моето срце е скршено кога ќе помислам на сето она за кое нема да бидеш таму, ќе ми недостигаш секој ден додека одам на оваа земја, ќе сторам сѐ што можам за да го продолжам твоето наследство и да бидеш горд на мене, те сакам, тато”, напиша Џек.
Освен 21-годишниот Џек, Лук Пери имаше 18-годишна ќерка Софи.
Џек како борач настапува под името Џанглбој, а на социјалните мрежи е објавено дека нема да настапи на неговиот следен настап закажан за 13 март.