Две жени каснати од кучиња-скитници во Скопје

Стружанка и скопјанка биле каснати од кучиња скитници, вчера во Скопје.

Според полицијата, вчера во 14.55 часот во ПС Центар, М.К.(23) од Струга пријавила дека истиот ден околу 10.45 часот на улица Македонија била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Истиот ден во 21.20 часот во ПС Аеродром, С.И.(49) од Скопје пријавила дека околу 15 часот на булеварот АВНОЈ во населбата Ново Лисиче била касната од куче во пределот на левата нога.

Треба да знаете
Последни објави